– На минатите локални избори граѓаните му дадоа целосна власт на Зоран Заев очекувајќи дека ќе имаат подобра иднина. Но не само што тоа не се случи туку тој успеа за само осум месеци по локалните избори да ја редефирнира целосната историја, идентитет, култура и традиција на македонскиот народ. Истото може да се случи и на овие избори. Ако народот го гласа Зоран Заев ќе потпише дека Македонците се бугари, а ако пак народот не го гласа ќе потпишува жалби до обвинителство и до судство затоа што ќе одговара за криминалите кои ги направи, истакна Николоски.
Николоски: Ако народот го гласа Заев ќе потпише дека Македонците се Бугари
Н
На минатите локални избори ВМРО-ДПМНЕ доживеа безмалку тежок пораз но тоа му даде целосна власт и целосен легитимитет на Зоран Заев. И што тој направи, за само осум месеци по локалните избори го промени името, хронолошки објасни потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски при неговото гостување на Телевизија Алфа.