– Јас не мислам дека во Македонија од коронавирусот се погодени само Македонци или само Албанци или Турци или Срби или сите кои што живеат. Погодени се за жал сите и епидемиолошката состојба е исклучително лоша и тоа беше основна причина зошто ВМРО-ДПМНЕ недели и месеци наназад бараше да се одложи пописот, посочи Николоски.
Дополнително пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски појасни дека според пресметката во една ваква лоша епидемиолошка состојба во државата само како резултат на пописот доколку се одржеше сега би имало нови педесетина илјади новозаболени и тоа само во месец април што е огромна бројка. Тој рече дека со одуката за одложување на пописот се заштитува здравјето на граѓаните и на целокупното население.
– Во ваква епидемиолошка состојба јас кажав една пресметка потенцијалот само од пописот е да имаме нови дополнителни 50.000 илјади заболени само во тек на месец април. Со оваа одлука тоа условно кажано оневозможува односно се заштитува здравјето на населението и не гледам тука како може да правиме поделба помеѓу граѓаните, потенцираше Николоски.