Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски очекува Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите кои работеле несовесно и незаконски во АД Пошта.

Објектот на Македонски пошти бил планиран за ресторан со кабаре од минатата власт, наспроти плановите на актуелната да биде мултимедијален и културен центар открива министерот за транспорт и врски, Николоски.

Според него, минатата Влада имала цел да ја уништи по цена на неколку приватни компании кои се занимавале со поштенски бизнис.

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

По утврдени слабости се работи на реорганизација, а промените би требало да бидат очигледни веќе во почетокот на следната година, најавуваат од ресорното министерство. Како за почеток, вработените почнале да земаат редовно плата.

Во меѓувреме, една од работите кои ги одбележа првите 100 дена од мандатот на Николоски беше тоа што вработените од АД Пошта добија навремено плата, за разлика од претходната власт со која истата имаше проблеми.