Тој додаде „затоа што нашите инфорации се дека се работи за договори кои директно задираат во македонскиот национален идентитет, во самобитноста на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура“.

-Затоа сметаме дека македонската јавност треба да е запознаена со содржината на овие преговори со цел да може соодветно да реагира и да се спречи уште едно национално предваство. Ние блокираме во Скопје на три локалции и уште во 10 града правиме блокади, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски укажа и дека до денес никој кредибилно не го демантираше она што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе, а тоа е дека се водат тајни преговори со Софија.

Според него проблем е што Зоран Заев молчи.

-Вториот проблем е што Заев не излегува транспарентно да каже за што и како се преговара. И за жал добивме потврда од Софија од нивниот министер за надворешни работи дека дел од тие разговори е тој протокол што го усвои бугарското национално собрание во ноември 2019 година, а што значи негирање на македонскиот јазик, на самобитноста на македонскиот народ, бришење на македонската историја која има јасен континуитет на народноослобидителна борба за создавање на македонска држава, рече Николоски.

Тој додаде дека сето тоа јасно почнува во средината на 19 век со преродбата оди низ востанијата како круна е Илинденското востание, потоа битката меѓу двете светски војни борбата, во Втората светска војна, НОБ и секако круна е 8 септември 1991, референдумот за независност.

-Сето ова Заев и неговата екипа сакаат да го избришат, секако ние не се согласуваме. Оваа блокада ќе трае се додека не биде јавноста информирана за што се преговара, а секако и мора да се спречат овие штетни декствија, заклучи Николоски.