Пруга кон Солун со 200 километри на час
Во посетата на Белград министерот за транспорт и врски, Александар Николоски изјави дека во 2030 година Македонија би имала и пруга кон Солун на која ќе се вози со 200 километри на час. Изградбата на брзата пруга тој ја опиша како еден од првите приоритети на кои се троши многу време и енергија.
Нашата цел е да во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга. Не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, некаде помеѓу 2030 и 2032 година ќе имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија“, рече Николоски.
Изградба на гасно поврзување меѓу Македонија и Србија
По средбата со министерката за рударство и енергетика Дубравка Бедовиќ-Хандановиќ, Николоски изјави дека разговарале за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција.
„На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа со што Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа. Со транзитот на гас Македонија ќе остварува големи приходи“, рече Николоски.
Проекти на министерството за транспорт и врски
За сега, за само два месеци активна работа министерството за транспорт и врски предводена од Александар Николоски се залага за решавање на клучните инфраструктурни проблеми. Фокусот е ставен на брза пруга кон Грција и Србија, автопатот Кичево – Охрид, автопат кон Бугарија.