-Четри години, за жал се доволни да се уништи сето она што генерации и генерации македонци го создавале,четри години се доволни да се уништат неколку востанија против Отоманската Империја, војни и битки и сетоа она што се градеше самостојно во последниве три децении.Затоа што е дојден човек кој е спремен тоа да го уништи и уништува и не е тоа само национално туку е во сите сектори. Државата ни се руши на сите темели! Корупција има како никогаш претходно, здравството не функционира , образованието е целосно уништено, инфраструктура нема, не се гради, километар автопат немаат изградено, асфалт немаат фрлено, спортот се уништи целосно и плус националните предавства, посочи Николоски.

Појасни дека станува збор за проект за уништување на македонската држава, таква каква што ја познаваат нејзините граѓани и светот, како и дека тој проект не е случаен, и само е одбран лик тоа да го реализира со неговите неспособности.

Мора да ја добиеме оваа битка за ,да ги тргнеме од власт за да ја стабилизираме државата и после тоа да ја градиме. Единствената алтернатива е ВМРО-ДПМНЕ ,се останато е глас за СДСМ.
Глас за помали политички партии е глас за СДСМ. Затоа што на крај Заев направи влада, тоа се случи лани, тој ги освои своите гласови толку колку што освои, што со притисоци, што со поткуп, што со некои традиционални гласачи во СДСМ. Гласовите во десницата се поделија, најголем дел дојдоа во ВМРО-ДПМНЕ, дел во Левица, дел во помали политички партии и Зоран Заев само за 2 пратеника формираше влада, вели Александар Николоски во интервју .