Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ќе гласаат против уставните измени, најави потпретседателот на партијата Александар Николоски, порачувајќи им на Македонците да останат со крената глава, зошто нема да има попуштање.
Има денови за историја! Ова е еден од нив!
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура.
Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени!
НЕ за уцени и негирања!
Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ!
Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА!
Македонци гордо и со крената глава!, порача Николоски.