Во однос на скандалите со исплатите во Фондот на иновации ние први извадиме списоци кој земал пари, изјави потпретседаттелот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
Николовски со став дека таа институција треба да се укине поради огромниот криминал кој што е направен во однос на исплатите кон компаниите.,
„Први извадиме списоци кој земал пари ,мислам треба да се укине тој Фонд за иновации, генерално идејата е добра за да се стимулираат компаниите , но Фондот стана алатка за корупција, кога ќе видиме колку длабоко е влезена корупцијата подобро е да го укините отколку да се обидете да го лечите. Затоа таа институција треба да се укине и да се направи темелна истрага“ изјави Николоски