Потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски кој е предложен за заменик претседател на Владата и министер за транспорт и врски денеска заедно заедно со идната министерка за образование Весна Јаневска оствариле средба со Данче Ѓоргиевски и Кејт Шеирн, претставници од американската компанија од областа на автомобилската индустрија ADAC и професори од техничките факултети во Македонија.
Разговаравме за можностите за идна зголемена соработка посебно во делот на образованието, можните инвестиции, размена на искуства и знаење како и зајакнување на капацитетите на техничките факултети и силна соработка со професорите и студентите од техничките факултети во земјава, како и можностите за отворање на истражувачки центри. Соработката во иднина ќе се продлабочува и ќе се зајакнува во повеќе сегменти со цел Македонија и студентите да бидат уште повеќе конкурентни на пазарот на трудот, објави Николоски.