По класична форма на нептизам нема. Но, овдека веќе навлегуваме и во делот на возможен криминал, затоа што е интересно што на овие јавни повици има само по еден понудувач. Па легитимно прашање е зошто другите не се охрабруваат да и тие дадат понуда и да се намалува цената и да добијат граѓаните ем квалитетна здравствена заштита, ем по поевтина цена. Така што ова се два фактори кои што стојат, надлежните институции треба ова да го испитаат, а како што гледате не го испитуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување во вестите на телевизија Алфа, во врска со случајот на скопската клиника за Хематологија каде што е доделен неколку милионски тендер на веледрогеријата Пановски, која е во сопственост на таткото на директорката на клиниката.

Николоски истакна дека во здравството ќе имаме многу работа, има многу криминал, има многу корупција, а според мене криминалот и корупцијата го јадат јавното здравство во Македонија и тоа ќе е една од главните фокуси на партијата во следниот период после формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски зборуваше за криминалот и корупцијата кој исто така е проширен во сите сегменти на целокупното македонско општество, но исто така и во регионот, што ги тера младите трајно да ги напуштаат и да се иселуваат од сите држави во нашиот регион.

„За жал, целиот регион страда од истата констатација, би рекол од истата болест, а тоа е широко распространета корупција и криминал кој што ги уништуваат и државите и општествата. А, тоа е нешто што го гледаме во Македонија, го гледаме и во регионот и според мене треба да е приоритет број еден во следниот период доколку сакаме да се надминуваат овие состојби кои што се далеку од добри и кои што според мое мислење, го влечат регионот назад и ги тераат луѓето да си заминуваат од целиот овој регион. Во Босна и Херцеговина имав една исклучително значајна мисија, каде што сум известител за парламентарното собрание на Советот на Европа. Тоа е една престижна улога, до сега немало од Македонија политичар пратеник кој што бил на една ваква позиција“, истакна Николоски.

Во однос на новата задача за известување на состојбите во Босна и Херцеговина, Николоски посочи дека тоа е многу значајно за имиџот на државата, каде што од една мала држава како што е Македонија, со една кревка демократија да добиете шанса да ја оценувате, која што во моментов е една од нај невралгичните точки во Европа и да пишувате извештаи врз основа на кој ќе се цени напредокот на државата.