– Денеска еден врвен професор по медицина ми кажа еден фрапантен податок дека вкупниот број на жртви во Македонија за време на втората светска војна и Скопскиот земјотрес, заедно, е помал од бројот на ковид жртви поради неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со ситуацијата и да го заштитат здравјето на граѓаните, истакна Николоски.
Николоски: Македонија под водство на Заев и Филипче изгуби повеќе луѓе отколку што имаше жртви во 2-та светска војна и Скопскиот земјотрес заедно
Н
Во Република Македонија за година и пол има повеќе жртви отколку во Втората светска војна и скопскиот земјотрес, заедно, поради неспособноста на власта да ја менаџира ковид кризата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата Што не е јасно на Телевизија Алфа.