Според Николосвки, Македонија влегува во инфлација. Тој ги сподели официјалните податоци на Народната Банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи.
-Најдобар доказ за тоа е кога граѓаните ќе отидат во маркет и ќе видат што може да купат денеска и пред пет години за 1000 денари. Затоа и процентот на инфлацијае толкав, вели Николоски, потсетувајќи на некои од цените како сончогледовото масло кое бележи раст од 60 проценти во однос на лани.
Втората работа која го загрижува во економијата, додава Николоски е порастот на задолженоста која надминува 7,5 милијарди евра.