Од никакви мерки, непостоење на мерки, наеднаш да се премине на радикални мерки без да имаат време граѓаните да се прилагодат на тоа, значи само тоа дека власта нема концепт и буквално како муви без глави летаат и не знаат што да прават ниту со себе, ниту со државата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето во емисијата Жешко политичко лето што се емитува на телевизија Канал 5

„Воведуваат мерки кои ги делат граѓаните кои прават сегрегација на еден начин од минати времиња кога одредени луѓе кои имале одреден знак на себе не можеле да влегуваат во одредени објекти, а други кои го немале можеле да влегуваат, односно тоа се нарекува фашизам. Тие мерки се фашистички кои ги спроведува Владата“, вели Николоски.

Според него Владата треба да оди со позитивна кампања.

„Владата треба да им објасни на граѓаните зошто е важно да се вакцинираат, но исто така да си преземе одговорност на себе, а тоа е дека со месеци трчаа по провизии, не обезбедија на време вакцини и затоа ситуацијата е ваква каква што е“, заклучи Николоски.