Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, денеска извршија увид во градежните активности во кавадаречкиот регион.
Инвестиции во инфраструктурата
Николоски истакна дека во 2024 година, 1,1 милион евра беа префрлени преку Министерството за транспорт на наменска сметка на Општина Кавадарци. Со овие средства се реализираат пет инфраструктурни проекти, кои се во напредна фаза.
Нови средства за водоводна инфраструктура
Министерот најави дека на следната владина седница се очекува да бидат одобрени дополнителни 1 милион евра. Како што кажа, овие средства ќе бидат за водоводни мрежи во селата Строгово и Сопот.
Во меѓувреме, продолжува инфраструктурниот бум во Македонија,. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски го отвори патот Градско – Дреново. Сега следно е Дреново – Фариш. Но, еве потсетување како беше отворањето на овој патен правец.
Работи на експресниот пат Градско – Прилеп
При денешниот увид во градежните активности Николоски информираше дека делницата Градско – Дреново веќе е пуштена во употреба, а во моментов се работи интензивно на делницата Дреново – Фариш.
„Се работи на заштита на косини и безбедносни проблеми. За многу скоро ќе можеме да видиме отворање на оваа делница“, истакна Николоски.
Извор: Курир