Владата од ВМРО-ДПМНЕ сериозно работи за граѓните да добијат пониски цени за мобилна, кабелска телевизија и интернет услуги бидејќи на пазарот има класично дуопол. Евентуалното поевтинување би било единствено со воведување на трет мобилен оператор, а затоа наскоро во Македонија може да дојдат големи имиња од светот на телекомуникациите.
Првиот човек на министерството на транспорт и врски, Александар Николоски ја соопшти ваквата идеја, а тој елаборираше на кој начин би поевитиниле услугите и го објасни принципот на класичен дуопол.
Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол, пишува Николоски.
Тој додава дека „време е државата да прави за граѓаните“ и дека наскоро владата ќе биде во преговори со големи телекомуникациски имиња.
Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар, заклучува тој.
Во продолжение и неговата објава: