Нов СКАНДАЛ во кој преку ИЗНУДА-РЕКЕТ се бараат 250 000 евра КЕШ!
Оваа афера која ја обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е уште еден доказ за криминалот и корупцијата на власта,за тоа дека само мислат на рекетирање и криминал и дека со Македонија владее МАФИЈА!, напиша Николоски на ФБ.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба со новинарите ја објави аферата 250 илјади евра за Вице од Рек Битола. Аферата, како што посочи тој, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.
Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопственикот на компанијата. Компанијата по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК го контактира сопственикот на компанијата добитник, по што принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон да се предаде на СВ Инвест на Столе Чифлигароски. Сопственикот на Рубиотон вели дека нема правна можностза тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк. Средбата се откажува, а Вице Заев ги контактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Крстев од Тотал Инжињеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за „Глобал“ да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250 илјади евра да припаднат на Вице Заев, во кеш. Таа сума била многу поголема од можната заработувачка. Сопствениците на Рубитон на повиците на Горан Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СБ Инвест во Комбинатот. Воедно и предупредувавме на фамозната Вила Парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот, вели Мицкоски.
Тој посочи дека оштетените го пријавиле случајот во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски,
-Мистериозно на веќе еднаш потпишаната изјава исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Тоа е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Вилма Рускоска, МВР, Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, додаде Мицкоски.
Тој го посочи и делот кој недостасува: