Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа говореше зошто до сега Македонија нема добиено датум за старт на преговорите и покрај тоа што го смени името пред пет години
„Во пролетта 2018 година кога имаше еуфорија околу Заев, почна да се слуша дека можеби ќе се реши проблемот со името на Македонија и се направи еуфорија, но јас излегов со информации дека дури и Зоран Заев да го реши проблемот со Грција , Македонија нема да почне преговори се додека тој и оваа влада на СДСМ се на власт, затоа што ниту еден европски политичар нема да седне на маса со криминалци и тоа за жал се случи. На 17 јуни го потпишаа срамниот Преспански договор и потоа ЕУ ја удри првата шлаканица , не определувајки датум за преговори , односно во превод рекоа џабе менувате име, кога не се исполнети условите. А тоа се три клучни услови во кои нема ништо направено. Првиот услов е реформа во јавна администрација, вториот услов е реформа на безбедносни служби и третиот услов е борба со организиран криминал и корупција., не само што немаше борба туку се случи „Луи Витон Трето вето е во 2019 година, за Бугарија да стави вето во март 2020 година и тие потоа видоа шанса да си ги остварат своите цели стари над 150 години, констатира Николоски.