За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија!

Александар Николоски се заблагодари по изборот во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарам на довербата и честа, Претседателе Христијан Мицкоски, за соработка и пријателство кои носат напорна деноноќна работа за промени и подобар живот во Македонија!“, рече Николоски.

Тој додаде дека новиот Извршен комитет ќе ја води партијата кон победа на следните парламентарни, претседателски и локални избори.

„Да живее ВМРО-ДПМНЕ!“, заклучи Николоски.