Актуелниот министер за транспорт и врски, Александар Николоски, вечерва во централниот дневник на ТВ Сител даде предлог за формирање на хетерогена комисија во која ќе бидат вклучени релевантни невладини организации и здруженија на граѓани. Комисијата ќе работи на формирање на целосно нов Закон за урбанистичко планирање.
Најава на министерот за транспорт, Александар Николоски
Јас сум спремен да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кој ќе ги опфати сите сегменти и сектори, а би го работела комисија од хетероген состав во која ќе бидат вклучени претставници на невладини организации и граѓански здруженија, рече министерот Николоски
Министерот Николоски потврди дека ова ќе биде прв пат во историјата на изработување на закон, здруженија на граѓани или навладини организации да учествуваат да бидат вклучени од самиот старт на изработка на законот
Ова ќе биде прв пат во историјата на изработување на закон да здружение на граѓани, односно невладини организации бидат вклучени од самиот старт на подготовка на законот“, посочи Николоски.