Тој на новинарско прашање како ја коментира одлуката во врска со ослободувањето на Рашковски во куќен притвор тој одговори:

-Тоа е потврда на заробеноста на институциите и тоа е потврда на притисокот врз институциите имено откако во јавноста се слушнаа информации дека Драги Рашковски народски кажано е спремен да пропее за криминалите на Зоран и Вице Заеви,а имајќи предвид дека ги знае сите нив затоа што им е човек од доверба и еден од најблиските соработници,се случија две работи,прво Зоран Заев изврши јавен притисок врз обвинителството со интервју во неделникот „Фокус” во кое што јасно кажа дека не се согласува со одлуката на обвинителството и мисли дека Драги Рашковски е невин што е скандал сам по себе затоа што премиерот како носител на извршната власт не смее да се меша во судската власт, а во случајов се меша во судската власт и втора работа што се случи како резултат на тој притисок вчера Драги Рашковски беше ослободен што само говори дека Зоран Заев целосно го има заробено судството и обвинителството во Македонија нема независно судстсво и обвинителство туку притиснато кои што еден ден ќе сведочат за притисоците кои им ги правел Зоран Заев, а тој ќе одговара.