Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово гостува во Радио Лидер. Една од многуте теми за кои зборувавме со него беа новите летови кои ги остварува минситерството за транспорт од скопскиот и охридскиот аеродром.

Нова линија Будимпешта – Охрид?

Секојдневно имаме промоција на нови авиолинии. Министерот Николоски објасни зошто е укинат летот Скопје – Будимпешта.

– Тоа беше единствениот лет кој беше субвенциониран од унгарската влада. Субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал. Ние сега разговараме со компанијата Виз Ер да отворат нова авионилија до Охрид. Комерцијална Будимпешта не беше толку атрактивна бидејќи има две дестинации кои се многу блиску. Првата е Виена каде се лета и од Скопје и од Охрид. Втората е Братислава која е само на час и 15 минути кој е од Будимпешта, вели министерот Николоски за Радио Лидер.

Николоски воведува нов метод, потенцијално 10 до 20 нови авиолинии од Македонија

Министерот Николоски одговори „како владата ги субвенционира авиокомпаниите“.

Јас лани кога бев избран забележав дека двата аеродроми драстично тонат. Тоа позитивна слика која се создаде меѓу 2010 и 2017 година со корона кризата доживеа колапс и дебакл. Во меѓувреме, се развиваа другите аеродроми. Приштинскиот аеродром е подобар е од скопскиот, Тирана е далеку пред Скопје. Ниш се натпреварува со Охрид, Валона гради аеродром кој ќе се натпреварува со Охрид, дециден е Николоски.

Николоски укажува дека со претходната влада двата аеродроми тонеле. Николоски вели дека претходната влада имала модел да субвенционира патници кои си одат, а сега новата влада договорила да се субвенционираат патници кои доаѓаат.

Имавме тешки преговори со ЕУ заради антимонополски правила. На крајот се договривме дека ќе субвенционираме патници на доаѓање. Сигурно забележуваат граѓаните разлика на цени во билети. Моментално сигурно забележувате дека субвенцијата е од Барселона и Лион кон Скопје, а не обратно. Луѓето тие пари ќе ги остават во Македонија по ресторани, кафулиња, такси, вели Николоски.

Николоски најавува дека се работи на нов модел со којшто ќе се донесат најмалку 10, а потенцијално и 20 нови дестинации. Минситерот новиот модел го опишува како „едноставен“ и вели дека ќе вроди со плод.

„Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот

Тој потенцира дека чартер летовите на „Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи. Амбицијата, според вицепремиерот Николоски е најмалку два чартери дневно на охридскиот аеродром.

Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најамлку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродорм во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата, изјави вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

(ВО ЖИВО) Вицепремиерот и минситер за транспорт, Александар Николоски гостин во Радио Лидер

Заклучок:

Владата и министерот Николоски секојдневно работат интензивно на привлекување нови авиолинии. Секојдневно има 64 дестинации кои се од Скопје и Охрид кон целиот свет. Меѓудругото, има и секојдневно авиони, за првпат Македонија се отвори и во зимска сезона. Женева е една од потенцијалните нови дестинации, а наскоро следува и Дубаи.