Денеска гледаме и симболично пропаст и целосно потопување на Владата на Зоран Заев и Венко Филипче.
Имено, ова што се случува денес со Македонија, а тоа е дека пола народ се обиде да отиде во соседна Србија, во Белград, во Ниш, во Врање и во останатите градови со цел да се вакцинира. Го покажува целосното фијаско и колапс на Владата на Зоран Заев. Најнеспособната и најкриминална Влада во историјата на Македонија, Влада која што е единствена во регионот да не зборувам за пошироки размери, која што не успеа да обезбеди вакцини за населението со цел населението да може да се заштити од корона вирусот. Влада на која што пред очи и се случува десетици илјади граѓани да итаат во соседна држава за да се вакцинираат. Влада која што нема срам, за тоа што да имаше срам, денеска ќе си понесеше целокупната Влада оставка за тоа што во време на најголема светска здравствена криза дозволуваат народот спасот за гол живот буквално за гол живот да го бара во соседни држави. Со право луѓето се прашуваат зошто плаќаат здравствено осигурување, зошто плаќаат даноци кога основната потреба, а тоа е да се даде шанса за живот на луѓето, властите не можат да ја обезбедат. И за тоа оставка денес и веднаш од Владата, заради ова фијаско кај што симболично денеска можат да го видат со колоните на возила кои што чекаат на Табановце за да влезат во соседна Србија.
И, втората тема која што сакам да ја искоментирам е по однос на уште едно фијаско, а тоа е безбедносно фијаско, но и фијаско ако сакате е поврзано со иднината на децата. Кокаин во Македонија има како никогаш претходно. Јас уште во мај 2019-тата година напишав една колумна насловена „Кокаин во поларизирана Македонија“, кокаинот го има во сите поголеми и урбани центри во државата, најмногу во Скопје како најголем урбан центар. И секој знае во секој урбан центар кои се тие кои што го носат кокаинот, кои се тие кои што го продаваат истиот. Само властите не знаат, и видовме дека акцијата им е пробиена, а не знаат за тоа што се тие поддржувачите на оние кои што го продаваат кокаинот на нашите деца. И за тоа е потребна оставка исто така веднаш и денес од Владата и од најодговорниот од министерот за внатрешни работи за тоа што дозволи оваа акција да пропадне, а дозволи да пропадне за тоа што се во соработка со овие криминалци.
Гледаме слики излегуваат овие денови од највисоките структури на власта кои што седеле со луѓе кои што се, како што ги нарекува обвинителството нарко босови, односно тие кои што ова го организираат. И во исто време сакам да побарам одговорност од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за тоа што излезе фотографија каде што е сликан со еден од големите нарко босови. Доколку тоа го направиле намерно, треба да понесат кривична одговорност, доколку можда ќе се правдаат дека е случајно треба уште поголема одговорност да понесат за тоа што се тие, тие кои што треба да знаат кои се луѓето со кои што се сликаат за тоа што се тие кои што се на врвот на безбедносните структури во државата. Безбедносните структури ги води министер за внатрешни работи, дел ги координира премиерот, а дел ги координира преку Националниот совет за безбедност и претседателот на државата. И за тоа оставка од Владата заради ова причина и одговорност од претседателот на Македонија.