Како што истакна Николоски, на најмалку два состаноци на исклучително високи места, меѓу кои едното е во Бугарија, Заев кажал разговорно, дека според него Македонците и Бугарите покрај тоа што се еден народ, зборуваат ист или сличен јазик.
-За потоа да се корегира во официјалниот дел дека тоа е само негово лично мислење и дека не е позиција на државата. Не може премиер да има лично мислење. Како тоа се кажува така се запишува во белешки и после тоа се крева летвичката, рече Николоски .
Николоски се осврна и кон изјавите на „врвниот бугарски интелектуалец“ Нешков, кој кажа дека не е точно дека Бугарија ништо не испорачала кон Заев, кога тие му помогнале нему да дојде на власт.
Николоски вели дека најголемиот проблем е што Заев води преговори сам, без консултации со јавноста.
Клучниот проблем е дека Заев не ги информираше ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак останатите политички партии во Собранието да ги информира за разговорите, а камоли пред да оди да разговара и заеднички нешто да усогласиме.
– Да беше било кој друг на негово место, до сега неколкупати ќе си имаше поднесено оставка, затоа што главното ветување не е реализирано, додаде Николоски.