На ваквата објава на Заев реагираа грчките власти кои сметаат дека не се користи уставното име и најавија замрзнување на трите меморандуми.

– Моето конкретно прашање е до каде сте спремни да одите со понижувањето на Република Македонија и македонскиот народ затоа што со вашата вчерашна постапка се поставува прашањето меѓутоа за жал се добива одговорот дека вие лично Зоран Заев сте единствениот кој го уништува македонскиот идентитет. Дали господине премиер со вашето вчерашно извинување вие сте тој кој што ја прешкртавте односно целосно ја поништивте придавката македонски, посочи Лашкоска.

Барате начин да ја замајувате јавноста, одговори премиерот Заев. Тој истакна дека неговото извинување дошло поради фактот што е задолжителна употребата на новото име кога се претставува државата а фудбалската репрезентација ја претставува државата. Во се друго се употребува придавката македонски.

– Кога се претставува државата, а фудбалската репрезентација ја претставува државата тогаш се употребува – на Северна Македонија. И тоа е јасно потврдено и во Преспанскиот договор. Македонско, македонска, Македонец, сите димензии на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик и тоа како се употребува во сите други форми на дискусија на општење и соопштување на нашите ставови, истакна Заев.

Фудбалската репрезентација не е државна институција и со тоа го пробивте дното и сте спремен целосно да не избришете заради зачувување на вашата фотелја, реплицираше на одговорот Лашковска.