После долго време доаѓаат добри вести за „Македонска Пошта“, да потсетам, ова беше институција од која претходната Влада беше откажана, ова беше институција за која се спремаа физибилити студии за продажба и приватизација, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Николоски вели дека во „Македонски Пошти“ работите се менуваат, со поддршката од владата и набавените 100 возила ќе се подобри функционирањето на АД „Македонска Пошта“.
Како резултат на тоа, претходниот генерален секретар на владата беше правослино осуден, а за други се водат судски постапки. Сега работите се менуваат и времињата се менуваат и го гледате првиот голем чекор, а тоа е како да го го подобриме начинот на функционирање на Пошта, тоа е преку една сериозна поддршка од владата каде што се набавени 100 возила од кои што 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комбиња. Малите се со осивост од 750 килограми, додека големите се со носивост од 1800 килограми и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките што е основната дејност на пошта – рече Николоски.
Возилата се набавени преку аукција на електронски пат, а заштетени биле над 400 илјади евра, информираше денеска вицепремиерот Николоски.
Она што особено сум горд е проценета вредност од 130 милиони денари без ДДв на електронска аукција, цената се намали за цели 25 милиони денари, што значи дека заштедивме некаде над 400 илјади евра само преку оваа јавна набавка. Финалната цена е 104 милиони без ДДВ, што прави да ова е најевтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата, некаде просечно доаѓа околу 15-16 илјади евра по возило, што е далеку далеку најевтино од она што може да се најде на пазарот – потенцираше Николоски.
