Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

(ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново – Фариш до Прилеп: Го избравме најбрзиот и најбезбеден пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува час и 15 минути

Во гостување на ТВ Сител, Николоски вечерва посочи дека суштинскиот проблем за доцнењето со изградбата на експресната делница Фариш – Дреново што беше пуштена денеска, е затоа што немало посветеност.

– Сега имаме исклучително безбеден пат и се крати патувањето до Прилеп за половина час, рече Николоски нагласувајќи дека ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид.

Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе биде изграден автопатот Прилеп-Битола.  Времето за патување од Скопје до Битола ќе изнесува час и половина до час и 40 минути.

Потврди дека првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот Врбјани-Охрид, ќе бидат пуштени во употреба на 12. следнот месец.

Извор: Миа