Ваквата реакција на Ниолоски доаѓа по распишаниот тендер од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа во вредност од 11 милиони евра.
Николоски посочи дека кога ја прочитал веста во медиумите, првично помислил дека станува збор за некоја шега или стара вест, имајќи предвид дека се наоѓаме во ек на кампања за локалните избори, кога општините не смеат да имаат покрупни активности, особено такви тендери со милионски суми евра.
– Прво би сакал да ја повикам Антикорупциската комисија да реагира, затоа што согласно законот за избори, во предизборен период и во период на кампања како што сме сега не смее да има никакви покрупни активности на општините и на Градот Скопје, најмалку распишување на тендер во номинална вредност од 11 милиони евра – реагира Николоски.
Тој побара одговори од Град Скопје и од Петре Шилегов, што се случи со 12,7 милиони евра коишто градот ги доби од продажбата на веќе изградената градска куќа.
– Втората работа којашто е исклучително загрижувачка, е што до денеска јавноста не доби одговор на прашањето што се случи со 12,7 милиони евра, кои што Град Скопје ги приходуваше од продажбата на веќе изградената градска куќа која што Град Скопје ја продаде. Истата треба да се на наменска сметка и да се чуваат за таа намена. Но, според нашите сознанија, тие средства се потрошени и ги нема на наменската сметка, што е кривично дело. И ги повикувам надлежните органи да постапат по оваа информација, затоа што трошењето на средствата коишто се за една намена, а се трошат за друго е класично кривично дело – истакна Николоски.
Тој заклучи дека Антикорупциската комисија мора да постапи во делот на трошење на овие 12,7 милиони евра, како и во делот на распишување на тендер сега за градска куќа, мора, затоа што е директно прекршување на Изборниот законик.