Тој наведе неколку причини зошто ова би бил лош потег.

Како што истакна Николоски, ова прашање е од исклучителна важност, бидејќи ист проблем се појавил и во охридскиот регион каде се планирала слична депонија.

– Прво, таму е најплодната земја во Македонија и да се уништи на начин што отпадот од 48 општини ќе се слева на едно место и тој отпад ќе ја загадува околината мислам дека е злосторство кон целокупното население на Неготино, Кавадарци, Росоман Демир Капија, истакна Николоски.

Втората работа која ја истакна Николоски е дека премиерот Заев кажа дека се работи за компанија од Луксембург, а таа земја е добро позната како дестинација за оф-шор компании, односно компании со сомнителен капитал и сомнително сопствеништво кое не сакаат да го извадат во јавност.

– Ние како партија сме за квалитетно третирање на отпад, но не на овој начин и со овој метод, наведе тој.

Трето, тоа сакаат да го направат нетранспарентно, односно да не оди со јавен тендер или повик, туку преку специјален закон кој тие си го донеле во Собранието.

– И јас и Зоран Заев сме носители во 4-та изборна единица. Мислам дека ќе беше чесно од Заев кога се натпреварувавме за гласовите на гласачите во ИЕ4, да каже дека планира депонија која ќе го собира сметот од 48 општини да се стави во срцето на Македонија и нивната изборна единица и сум убеден дека во тој случај и тие кои што го гласаа, немаше да го направат тоа. Ова што сега сакаат да го направат за профит е уништување на најплодната земја во Македонија, заврши Николоски.