– Јас дојдов тука со мојот приватен автомобил затоа што како и секој нормален граѓанин логично е да користете автомобил кога патувате на одредена дестинација, но Зоран Заев користи хеликоптер, во држава во која што долгот во моментов ќе надмине 2 милијарди со новата еврообврзница која што ќе ја земат потрошени за само две години а не гледаме каде одат, во држава во која што стапката на смртност за жал е меѓу највисоките,а бројот на вакцинирани е меѓу најниските, една таква забеганост една таква самобендисаност, Македонија не памети кај ниеден политичар кој што бил на власт без разлика дали бил од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ во 30 години независност, појасни Николоски.

Ваков, како што рече, самобендисан, ваков неспособен, неработник, летнат во облаци ниту имало ниту ќе има и затоа ни е потребно оставка ден поскоро час поскоро.