А тоа е затоа што патот особено од Градско до Прилеп е во катастрофална состојба, вели Николоски.
Тој заклучи дека не само што не е изграден експресниот пат од Прилеп до Градско, односно како што рече криминалната влада на Заев го стопирала, туку и дека постојниот пат е во ужасна состојба и веројатно затоа решија да дојдат со хеликоптер, со цел да ги избегнат дупките коишто не можат да се избегнат доколку возите по овој пат од Градско до Прилеп.
– Не само што не се изгради експресниот пат од Прилеп до Градско којшто беше започнат и којшто крими-владата на Зоран Заев го стопираше, туку и постојниот пат е во ужасна состојба и веројатно затоа решија да дојдат со хеликоптер, со цел да ги избегнат дупките коишто не можат да се избегнат доколку возите по овој пат од Градско до Прилеп. Во текот на кампањата зборувавме за изградба на автопатско решение, сега гледаме дека А нема од изградба на автопатско решение, исто така не продолжува работата на експресниот пат, што го остава Прилеп да биде едно слепо црево, а се наоѓа во центарот на Македонија, изјави потпретседателот Николоски.