Соговорниците зборувале за улогата на Царинската управа во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал, за мерките од усвоениот План за борба против корупцијата, како и за отворената линија на Царинската управа за пријавување на корупција, се наведува во соопштението за настанот.

Николовски посочи дека Царинската управа е една од институциите коишто имаат значајна улога во превенцијата и сузбивањето на корупцијата и криминалот.

– Никој не е недопирлив во системската борба против корупцијата и криминалот. Сите институции мора да бидат во служба на граѓаните. Воспоставувaме систем за ефикасна и севкупна борба против корупција на сите нивоа и во сите сфери преку зајакнување на соработката меѓу институциите надлежни за борба против корупцијата, нагласи вицепремиерот.

Директорот на Царинската управа, Сугарески, посочи дека Упрвата преку своите механизми, а во насока на откривање и казнување, континуирано собира информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку отворената бесплатна царинска линија 197, онлајн или со електронската пријава поставена на официјалната веб-страница и по писмен пат.

Николовски потенцира дека акциите што ги презема Царинската управа се особено важни за навремено откривање и спречување на нелегална трговија, неплаќање давачки, корупција и криминал.

– Спречувањето на овие појави особено на граничните премини, е еден од приоритетите на Владата и затоа во координација со Царинската управа, активно се работи на системски мерки и активности за спречување на појава на корупција и криминал, рече вицепремиерот.