Низа реакции предизвика вчерашанта владина препорака маректите, киосците и штандовите да работат за време на новогоришните и божиќните празници. Од здруженитето Гласен Текстилец, бараат повлекување на препораката. Велат според нив со ова на работодавачите им се препорачува да го кршат Законот за работни односи, пренесува Канал 5 ТВ.
„Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ги повикуваме да ја променат оваа несреќна препорака со која даваат ветер во грб на работодавачите да ги кршат законите и работничките права.“Гласен Текстилец.
Препораката е дадена на барање на трговците и угостителите, појаснува премиерот Димитар Ковачевски. Вели работниците кои ќе работат на 31 декември, 1, 7 и 8 јануари ќе бидат платени согласно закон.
Целта на оваа препорака според владата е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.
„Тоа беше барање на трговците, на угостителите доминантно, знаете новогоришните празници, божиќните празници, секогаш се период кога граѓаните сакаат да купат подароци, така е во целиот свет па така и кај нас… за трговците тоа е секогаш добра можност да направат повеќе промет, за работниците во трговијата е секогаш е добра можност да оставарат подобар приход.“-изјави Димитар Ковачевски – претседател на Влада.
Граѓаните кои ги анкетиравме немаат против маректите да работат в недела, но велат вработените мора да бидат платени за тоа.
„Да работат ама луѓето пари немаат – тоа е проблемот… “ 0,34 „Да работат ама треба да им платат, кога се работи на такви работи мора да се платат дупло…“
„Луѓето нека си им платат за тоа прекувремено работење…“
„Па не е, зошто нова година досега така не се оставиле да работат.“
„Супер, супер, нека работат… ќе си добијат пари за тоа.“
Дали со владината препорака се нарушува законот за недела неработен ден, и кој тоа треба да го исконтролира – инспекторатите си ја префралаат топката.
Премиерот Ковачевски, пак најави дека токму овој закон во текот на следната година повторно ќе се најде на маса и дека можно е да претрпи измени согласно барањата на засегнатите страни.