Вчера, во 22.10 часот, над село Пршовце, Тетовско, по преземените мерки и организираната потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од село Боговиње, село Лисец, село Раковец, село Пршовце и Тетово за кои во 21.30 часот А. Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, извести МВР.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до местото наречено Доброшки езера, а последната локација од каде што контактирале била кога се наоѓале кај Три Чешми во близина на границата со Косово.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница во Тетово на преглед.