Според информации на „360 степени“ утврден е и коефициент од 3,3 за платата што ќе ја добива Исмајлоска, што значи дека нејзините месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година.
Исмајлоска – Старова влезе во претходниот собраниски состав (2016-2020 година) од листата на ВМРО-ДПМНЕ, но кон крајот на 2018 година беше исклучена од партијата, заедно со уште шест нејзини сопартијци кои гласаа за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор.