Лекот во спреј „Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија.
Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс.
Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек.
„Лајтрагин“ е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува Ковид-19.
За време на клиничкото тестирање меѓу 320 пациенти со средни симптоми на Ковид-19 немало смртни, ниту посериозни случаи.
Пациентите кои земале „Лајтрагин“ заздравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена, наведено е во клиничките тестирања.