Во моментов во РЕК Битола не се произведува електрична енергија.

Вчера од РЕК Битола информираа дека Блокот 2 е во функција и дека во попладневните часови (се однесува на вчерашниот ден) повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа.

Курир се обиде да добие одговор утринава што се случува во РЕК Битола и зошто системот е вон функција, но одговор не добивме на телефонските повици и пораки.