-Во изминативе неколку дена за набавка на струја се потрошени 9 милиони евра, мегават час е плаќан по цена и до 250 евра. Тоа е 4 до 5 пати поскапо отколку што би се потрошило доколку таа струја беше произведена во домашните капацитети. Новите 65 милиони евра кои државата им ги отстапи на енергетските претпријатија се пари од кои дел како што и самите кажаа ќе се трошат на купување на скапа струја. Струјата која сега ќе ја купат да инвестираа на време во енергетските капацитети на државата ќе не чинеше и до 4 до 5 пати поевтино, се наведува во соопштението.

-Оваа власт свесно ја донесе државата до состојба на енергетска криза. Оваа власт не може да ја извади земјата од хаосот во кој ја втурна. Потребни се промени. Брзи избори, и нова влада потоа, се додава во соопштението.