– Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни. Додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно. Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија.Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат. Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија. Заев и Филипче се успешни во една работа – во земање провизии, се додава во партиското соопштение.

Затоа, велат, ќе протестираат и оваа сабота.

– Да го измиеме срамот на Филипче и Заев.Да повикаме оставка на Филипче за спас на народот. Оставка на оние кои на своја совест носат 4 357 мртви. Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 11.30 часот, пред министерството за здравство. Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива, повикува ВМРО-ДПМНЕ.