Најмалку осум лица се повредени во пукање на рејв-забава рано утринава во Такома, Вашингтон, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на соопштение на полицискиот оддел Такома.
– Полицијата реагираше на повеќекратните пријави за пукање и затекна „хаотична сцена со голема толпа и повеќе жртви на пукањето“, се вели во соопштението на полицијата.
Осум лица се префрлени во локалните болници. Како што е соопштено, сите се во стабилна состојба. Од друга страна, полицијата соопшти дека истрагата е во тек. Засега нема информации дали осомничениот е идентификуван.