За да се склучи договорот за заем, кој ќе го земе Развојната банка, пратениците треба да изгласаат закон за државна гаранција, чиј предлог е веќе во собраниска процедура.
Владата одлучила да го побара овој заем на седница одржана во ноември лани.
-Со цел целосно задоволување на потребите на малите и средните претпријатија погодени од пандемијата Ковид-19, согласно Заклучокот од седница одржана на 06 ноември и со допис од 13 истиот месец, Министерството за финансии и Развојна банка на Македонија, во име на Владата, побараа од ЕИБ заем во износ од 100 милиони евра. Заемопримач ќе биде Развојна банка, додека Република Македонија ќе издаде државна гаранција – се вели во владиното образложение.
Развојна банка ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници.
Крајни корисници ќе бидат малите и средни претпријатија, а тоа се оние со помалку од 250 вработени, и средно пазарно капитализирани претпријатија, од 250 до 3.000 вработени.
Повеќе на „Фактор“.