Островската држава во јужниот дел на Пацификот само што почна со укинување на мерките против пандемијата, а ограничувањата за меѓународно патување требаше постепено да се укинат од почетокот на јануари, со целосно отворени граници до април.
Новозеландскиот министер задолжен за справување со епидемијата со коронавирусот Крис Хипкинс истакна дека според новите упатства, наместо на 16 јануари патувањето во Австрал ија без карантин ќе биде дозволено само на крајот на февруари.
– Сите податоци што ги имаме досега покажуваат дека омикрон е најзаразната варијанта на вирусот досега. Нема сомнеж дека оваа одлука е разочарувачка, и дека ќе уништи многу планови за патување, но затоа е важно овие мерки да се презентираат навреме за да има доволно време за промена на плановите, истакна Хипкинс.
Тој додаде дека времетраењето на карантинот ќе биде продолжено од седум на десет дена, а времето потребно за тестирање пред влезот во Нов Зеланд е скратено од 72 на 48 часа пред поаѓање.