Попладнево Вардар забележа уште една рутинска победа, па од Велес се враќа со три бода откако беше подобар од домаќинот Борец со убедливи 0:3. Оттука, се наметнува прашањето дали на повидок е конечно враќање на македонскиот бренд во првата лига и обезбедување на посакуваните првите две места.
Се беше јасно уште по првиот дел, кога Владимир Жоглев со два гола донесе предност на полувреме од 0:2. Во вториот дел Грначаров им даде шанса и на помладите фудбалери, а еден од нив – Јусуфи погоди за убедливи 0:3 и значајни, нови три бода.
Вардар со оваа победа останува на лидерската позиција, со исто толку бодови како и Воска, додека Гостивар падна на 3.место откако денес одигра нерешено со екипата на Пелистер. Во следното коло Вардар е домаќин, овој пат на екипата на Караорман во сабота.
На оваа тема разговаравме и со Борко Ристовски во Радио Лидер, а видеото може да го погледнете ТУКА.