Возачот на Мерцедес, Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари.

Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис Хамилтон од Ферари заврши на шестото место.

За Антонели ова беше втора победа на трите трки оваа сезона.

Трката ја одбележа и еден инцидент во 22.круг кога Британецот Оли Берман избегна судар со Франко Колапинто и удри во заштитната ограда. Според информациите од неговиот тим Хас, тој не е тешко повреден пред поради зголемените безбедносни мерки кои се применуваат во формула 1.

Антонели е лидер во генералниот пласман со 72 бода, пред Џорџ Расел со 63, додека Шарл Леклер има 49. Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 98, пред Ферари со 67.

Следната трка е на 3.мај во Мајами.