Политичарите се секогаш во движење кога станува збор за обострани односи. Историјата насекаде влијае, историјата дава аргументи, таа им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но историчарите не се тие кои ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите.

Ова за БНТ го изјави копретседавачот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република С.Македонија, проф. Ангел Димитров.

-Бугарската позиција е совршено јасна и таа е неранлива. Друго е прашањето колку добро е претставена и кој како сака да ја разбере, категоричен е проф.Димитров.

Запрашан дали комуницираат со новите политички субјекти, Димитров вели:

-Со политичари сега-не, особено со новите, но тие се зафатени со свои работи да се конституираат како идни одговорни фигури во државата.

Според него, Македонија манифестира отсуство на желба да работат врз основа на историски принципи, на науката и на историјата. И додава дека нема ниту еден историски доказ кој говори за постоењето на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар.

Запрашан за иднината на бугарско-македонската комисија, копретседавачот подвелкува дека колку и да изгледа неплодна, таа го привлекува општественото внимание во двете држави.

-Прашањето ги интересира луѓето, тие читаат. Комисијата е индикатор за состојбата во обостраните односи, изјави Димитров.