Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, откако загуби по четири сета со 3-1 по сетови 6-4, 6-4, 2-6, 6-4.
По три и пол часа борба, Ѓоковиќ ја доживеа најраната елиминација на еден Грен слем турнир од 2017 година и Австралија Опен.
Во првиот сет Попирин стигна до брејк на крајот од сетот, а потоа веднаш го притисна Ѓоковиќ на стартот од вториот сет и некако навести во кој правец ќе оди овој меч.
Во петтиот гем од вториот сет стигна до решавачкиот брејк, благодарение на кој стигна до 2-0 во сетови.И покрај тоа што го доби третиот сет, играта на Новак не беше на посакуваното ниво.
Враќањето не вроди со плод и поразот беше неминовен. Ова е прв Грен слем од 2004 година каде во осминафиналето нема да играат Ѓоковиќ, Федерер или Надал