Нови 130 случаи на коронавирус се регистрирани во период од 5 до 11 декември на направени 2.581 тестирања.

Случаите се потврдени во 12 градови од кои најголем дел случаи се од Скопје (94).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години. Намалување на новозаболени се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 181 лице во хоспитални услови или на домашно лекување, на исто ниво во споредба со минатата недела.

Во текот на минатата недела пријавени се 38 реинфекции, а не се пријавени починати лица со датум на смрт во текот на последната недела (05- 11.12.2022).

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 22 лица, од нив 10 се на кислородна поддршка и еден пациент има на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 11.12.2022 во земјава регистрирани се вкупно 21.083 реинфекции.