Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи со КОВИД-19, еден починат од Струга (86г) и девет оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 57 новозаболени од Скопје се 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.

Од деветте оздравени пациенти, од Скопје се осум, а еден е од Македонски Брод.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      162018, Активни 237
Куманово    18243, Активни    13
Битола      17970, Активни    21
Прилеп      15532, Активни    28
Тетово      14476, Активни    4
Кавадарци   12089, Активни    2
Велес 10810, Активни    5
Охрид 10319, Активни    7
Гостивар    10275, Активни    0
Струмица    8781, Активни     0
Штип  8766, Активни     8
Кичево      6075, Активни     1
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5173, Активни     1
Гевгелија   4882, Активни     0
Неготино    4148, Активни     2
Ресен 3031, Активни     1
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе      2795, Активни     0
Крива Паланка     2660  0
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1875, Активни     0
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1131, Активни     1
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1039, Активни     1
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   801, Активни      2
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0.