Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво согласно одлуката од 29.03.2021 година.
Од ноќеска на полноќ, Еуросупер БС-95 на бензинските станици низ земјава ќе се продава по максимална цена од 67 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 69 денари за литар. Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се купи по досегашната цена од 55 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 44,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 ден/кг и ќе изнесува 34,779 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,193 отсто, кај дизелот има намалување за 0,061 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,112 отсто и кај мазутот има зголемување за 0,402 отсто. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,823 отсто.