Имено, Хералд Копиц стравичното злосторство го спровел во два часот наутро во неговиот стан во елитната населба Млинови.

Австриецот на полицијата и рекол дека сакал децата да ги убие безболно. Но, покрај фактот што направил едно од најмонструозните убиства, децата не ги убил ни безболно ни брзо, како што планирал наводно, пишува Index.hr

Мајката во моментот на злочинот била на работа во хотел во Дубровник, а бидејќи биле разведени, децата викендите ги минувале кај таткото во неговиот стан во населба во Загреб.

Копиц таа вечер си играл со децата во својот стан, а потоа им спремил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат бидејќи нивниот татко пред да легнат на сите им дал коктел од разни лекови, пишува Vecernji list.

Како што пренесуваат хрватските медиуми децата веднаш заспале откако ги испиле таблетите. Но, Копиц не очекувал дека ќе почнат да се будат. Кога почнал да се буди седумгодишниот син, Копиц почнал да го дави. Детето не можело да пружи никаков отпор. Истото тоа го повторил уште два пати и со неговата сестра близначка и со најмалиот четиригодишен син. Кога се уверил дека ниедно од децата веќе не дише, ги зел едно по едно и ги однел на софата во дневната соба, ги наредил еден до друг и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.

Малку после полноќ, кога помислил дека децата засекогаш ги успал со таблетите, но пред да ги задави, 56-годишниот Австриец напишал проштален статус на Фејсбук и на Инстаграм. Во кој се збогува со сите и посочува дека го сторил тоа зато што го оставила љубовта на неговиот живот затоа што неговата поранешна жена била лоша кон неа и затоа што останал без пари.

-Збогум на сите, ќе заминам затоа што веќе не можам. Љубовта на мојот живот ме остави бидејќи мојата поранешна сопруга беше лоша кон неа и немам пари. Се што се обидов во последнава година и пол не ме врати на работа, дури ни браќата од масонската ложа не можеа да ми помогнат, на крај не ми одговараа ни на повиците. Само пријателите Манфред, Роланд и брат Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Сега дојдов до крајот. Затоа, збогум, напишал Копиц на англиски.

Овој статус на социјалните мрежи го забележал некој од неговите познаници и ја известил полицијата која веднаш се упатила во неговиот стан, но веќе било предоцна за да се спасат децата. Таткото кој по убиството на трите деца се обидел да се самоубие, е пренесен во болница каде по интервенцијата дал исказ за полицијата.