Според објавата на Ериксен ќе му биде вграден уред кој ќе помогне срцето да работи нормално по срцевиот удар кој го преживеа.
Лекарот од репрезентацијата, Мортен Боесен остварил контакт со кардиологот во болницата каде е хоспитализиран фудбалерот.
-Откако Кристијан помина низ различни прегледи на срцето, одлучено е дека тој треба да има имплант ICD (таканаречен стартер за срце). Овој уред е неопходен по срцев удар поради нарушувања на ритамот на работење на срцето. Кристијан го прифати решението и планот е потврден од специјалисти на национално и меѓународно ниво, и сите препорачуваат ист третман, се вели во кусото соопштение.
Од данската федерацијата побараа во следниот период сите да му дадат мир и приватност на Ериксен и неговото семејство.
За потсетување, Ериксен доживеа срцев удар на теренот на првиот натпревар од Европското првенство против селекцијата на Финска. Фудбалерот беше реанимиран и итно пренесен во болница.